
Во првиот натпревар од синоќешната МЛБ програма, Њујорк Јенкис ги поразија Детроит Тигерс со 4-5 после продолжение.
Имено, за Јенкис, ова беше шести триумф во низа, додека ,,Тигрите” го запишаа третиот врзан пораз.
На мечот, Детроит водеше со 2-0 и со 4-2 на средината на осмиот ининг, но не успеа да ја зачува својата предност.
За домаќините, во листата на поентерите со трчање се запишаа Мигел Кабрера, Хавиер Баез, Вили Кастро и Коди Клеменс.
На другата страна, Џои Гало имаше хоум-ран, а по четири бази освоија Ајзеа Кинер-Фалефа, Глејбер Торес, Ентони Рицо и Арон Џаџ.
На една третина од сезоната, Јенкис (39-15) имаат најдобар учинок во целата лига, додека Детроит (21-33) е тринаесетти во Американската конференција.