
Тампа Беј Лајтнинг го искористија домашниот терен и го намалија својот заостаток во полуфиналната серија на вкупни 2-1.
Имено, во третиот дуел, актуелните шампиони ги поразија Њујорк Ренџерс со пресврт со резултат од 3-2.
Во втората третина, Ренџерс поведоа со 0-2 со головите на Мика Зибанеџад и на Крис Крајдер.
До втората пауза, Никита Кучеров намали на 1-2, а пресвртот, во третиот период, го комплетираа Стивен Стамкос и Ондреј Палат.
Голот на Палат, освен што донесе конечен триумф, се покажа од огромна важност бидејќи спречи продолжение на неполна минута пред крајот.




