Во финалето Работнички славеа со убедливи (102:57) против МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарите на Работнички 2018 ја потврдија својата доминација низ натпреварите од регуларниот дел од М18 лигата, откако во големото финале од завршниот турнирт во Скопје, славеа убедлив триумф проив вечниот опонент, МЗТ Скопје Аеродром.
Стружанецот Даниел Балоски е дел од шампионскиот тим на Работнички. Одигра одлично во текот на целиот турнир и во полуфиналето и во финалето. Даниел Балоски во финалето заврши со индекс 11 (11 поени, 5 скока и 1 асистенција).




