
На седумдесет и четвртото издание на трката Курн-Брисел-Курн, Холандија дојде до десеттото славје и стана втора најуспешна земја, после домаќинот Белгија.
Имено, радост на Холанѓаните им донесе возачот на ,,Квик-Степ Алфа Винил”, Фабио Јакобсен, кој помина 195,1 километри за време од 4:32:13 часа.
За Јакобсен, ова беше вкупно шести триумф на престижните еднодневни трки, изборен после ,,пеколен” завршен спринт.
Во битката пред целната линија учествуваше цел пелотон, а на второто и на третото место завршија Кејлеб Уан (Лото-Судал) и Иго Хофштетер (Тим Аркеа Самсик).
Пласманот во топ пет го комплетираа Даниел МекЛеј (Тим Аркеа Самсик) и Џакомо Ницоло (Израел-Премиер Тех), а најдобар домашен велосипедист беше шестопласираниот Дрис Ван Гестел (Тотал Енерџис).



