Македонските интернационалци Никола Костески и Влатко Митков беа најзаслужни за гостинската победа на Холабрун против Атзгерсдроф со 29-30 (полувреме 14-18) во втората Австриска лига.
Костески и Митков со по 6 гола беа најефикасни во тимот на Холабрун во победата со која тимот останува во конкуренција за пласман во најдобрата лига.