
Од синоќа, официјално, нов член на Тотенхем е 26-годишниот голман – Пјерлуиџи Голини.
Италијанецот премина во Лондон за засега непозната цена, откако претходно ги бранеше боите на Аталанта.
Голини е запознаен со англиското тло бидејќи пред да направи трансфер во Аталанта, стоеше на голот на Астон Вила од 2016 до 2018.
Иако е родум од Болоња, јуниорската фудбалска кариера ја започна во Фиорентина, а потоа ја заврши во Манчестер Јунајтед.
Прв професионален сениорски договор, Голини го потпиша со Хелас Верона, каде што бранеше од 2014 до 2016.
Освен со фудбалот, новиот голман на Тотенхем се бави и со рапување, така што настапува под псевдонимот ,,Gollorius”.
Неговата најпозната трака е насловена ,,Rapper coi guanti” (Рапер со ракавици) и истата беше издадена во 2018, а сите добиени средства од неа беа донирани во добротворни цели.