
Во петтото коло од Купот на шест нации во рагби, Италија неочекувано го совлада Велс со 21-22 на гостински терен.
Имено, Италијанците, со денешниот триумф, прекинаа неверојатна низа од 36 порази во ова натпреварување, која датираше уште од 2015.
Херојско за победничкиот состав беше дуото Паоло Гарбиси – Едоардо Падовани, кое беше автор на сите поени, вклучувајќи го и есејот на две минути пред крајот.
На спротивната страна, три успешни конверзии за Велс имаше Ден Бигар, а по едно положување запишаа Овен Воткин (27′), Деви Лејк (51′) и Џош Адамс (68′).
На табелата, Италија остана на последната шеста позиција после пет одиграни средби, додека Велс е на претпоследното место.