Во триесет и деветтото коло на англискиот Чемпионшип, Шефилд Јунајтед го совлада Барнсли со 2-0.
Барнсли, иако важеше за еден од главните фаворити за релегација, со петте поволни резултати на последните шест средби, успеа да се врати во борбата за опстанок.
Сепак, налетот на избраниците на Поја Асбаги беше спречен на ,,Брамал Лејн” и покрај солидните перформанси.
Стрелци на головите за ,,Сечилата” беа Сандер Берге (54′) и Морган Гибс-Вајт (76′) по асистенции на Конор Хурихејн и на Оли МекБурни.
На табелата, составот од Шефилд скокна на петтата позиција, додека Барнсли го зазема дваесет и второто место.