
Историскиот момент за екипата на Долфинс беше одбележан на триумфален начин.
Имено, новајлиите во НРЛ, дебитираа во лигата со победа од 28-18 над Сиднеј Рустерс, иако ,,на хартија” беа големи аутсајдери.
Подле дваесет минути игра, Сиднеј имаше предност од 6-12, но во продолжение, домаќините направија серија од 24-0, која им го донесе првиот триумф во историјата во најквалитетното натпреварување во рагби лиг.
За Рустерс, Вокер погоди три конверзии, а по едно положување имаа Џозеф-Аукусо Суаалии (11′), Дру Хатчинсон (19′) и Даниел Тупу (67′).
Историскиот прв есеј за Долфинс го постигна Хамисо Табуаи-Фидоу (15′), а по него поентираа уште Марк Николс (35′) и Конели Лемуелу (46′), пред Џамејн Исаако (50′, 56′) двапати да ја внесе топката во противничката енд-зона и да погоди 4/7 шутеви.