
Легендарниот играч на Викомб, Мет Блумфилд, го презеде кормилото на Вондерерс по заминувањето на Герет Ејнсворт во КПР.
На првиот меч, Блумфилд го предводеше својот тим до пораз од 2-0 од Шрузбери, а на дебито на ,,Адамс Парк”, во триесет и петтото коло од Лиг 1, претставниците на Бакингемшир ремизираа со 1-1 против Ексетер.
Сè започна на посакуван начин за домашниот состав, откако новото засилување од Вулверхемптон, Чем Кемпбел (2′), го постигна дебитантскиот гол во новата средина уште во втората минута.
Сепак, во продолжение, ,,Грците” ја презедоа иницијативата и израмнија во второто полувреме преку Кевин МекДоналд (68′).
На табелата, Викомб остана на седмото место, додека Ексетер ја зазема дванаесеттата позиција.