
Актуелните шампиони, Атланта Брејвс, синоќа славеа со минимални 1-0 над Аризона Дајамондбекс за третиот врзан триумф во низа.
После осум и пол ининзи, резултатот гласеше 0-0, а Брејвс дојдоа до победа со последната акција.
Имено, во деветтиот период, по ударот на Остин Рајли, Мет Олсон освои четири бази и донесе славје на ,,Труист Парк”.
Во Националната лига, Атланта (62-41) е третопласиран состав, а Аризона (45-56) ја зазема единаесеттата позиција.