
Во првиот меч од второто коло на групата Б од СП во Катар, Велс загуби од Иран со 0-2.
После израмнетото прво полувреме, Иран ја презеде контролата во вториот дел и успеа да ја круниса подобрата игра со два гола.
Имено, Азијците дојдоа до водство длабоко во судиското продолжение, со вториот погодок во националниот дрес на џокерот од клупата, Роозбех Чешми (90+7′), а конечниот резултат го постави Рамин Резаиан (90+10′).
Десет минути претходно, Велс го доби и првиот црвен картон на турнирот, кога голманот Вејн Хенеси (86′) беше заслужено исклучен кон крајот на регуларниот дел.
На табелата, Иран има три, а Велс – еден бод, во пресрет на дуелот помеѓу Англија и САД.