
Првото натпреварување од Светскиот куп во крос-кантри беа всушност денешните спринтови во Рука, Финска.
Кај дамите, најбрза беше Ема Рибом (2:49,22), која ја оствари првата победа пред Јохана Хегстром (+0,91) и пред Тирил Уднес Венг (+0,93).
Најголема трагичарка беше Маја Далквист (+51,52), која падна на последниот свијок додека беше во водство и заврши на шестото место позади Јасми Јоенсуу (+2,41) и Кристине Ставаас Скистад (+13,89).
Од нив, без финале останаа Надин Фендрих, Џеси Дигинс, Ана Дивик, Јохана Матинтало и Џулија Керн.
Во машка конкуренција, првите четири позиции им припаднаа на Норвежаните, односно на Јоханес Клебо (2:26,00), на Евен Нортуг (+1,66), на Паал Голберг (+1,94) и на Ерик Валнес (+2,27), а позади нив беа Кале Халфварсон (+3,73) и Жил Шапа (+9,36).
Кај мажите, од фаворитите, без пласман во топ 6 останаа Федерико Пелегрино, Ришар Жув, Франческо Де Фабијани, Хаавард Солаас Таугбел, Јони Меки и Лука Шанава.