
Пред четири дена, Нефтехимик Нижнекамск, на домашен терен, го совлада Адмирал Владивосток со минимални 1-0.
Сепак, во рамките на денешната КХЛ програма, Адмирал го возврати ударот и славеше со 4-3.
На мечот, претставниците на далечниот Исток водеа во три наврати, додека Нефтехимик израмни двапати и еднаш погоди за намалување на својот дефицит.
За клубот од Нижнекамск погодија Хантер Шинкарук, Илја Федотов и Андреј Чивилев.
Од другата страна, во листата на стрелците се запишаа Глеб Зирјанов, Данил Фаизулин, Михал Кристоф и Николајс Јелисејевс.
Во Источната конференција, Адмирал го држи четвртото, а Нефтехимик се наоѓа на претпоследното место.
https://twitter.com/khl_eng/status/1596101665244913664?t=9ZsWuLdgFP-aVHrbWLOPyw&s=19