
По двата меѓусебни порази во низа, Кливленд Индијанс успеаја да ги поразат Питсбург Пиратес со 1-2.
Поените на мечот беа постигнати во три ининзи – во петтиот и во седмиот за Кливленд, односно во шестиот за Питсбург.
Од домашниот состав, единствен поентер беше Адам Фрејзер по ударот на Џејкоб Сталингс.
Освен Фрејзер, единствен позитивен импакт од поразениот тим остави фрлачот Џеј Ти Брубакер, кој освои девет страјк-аути за 6.2 ининзи.
На спротивната страна, хоум-ран забележа Харолд Рамирез, а Еди Росарио освои четири бази.
На табелата на Американската лига, Кливленд (39-30) го зазема шестото место, додека Пиратес (25-45) се претпоследни во Националната лига.