
Илвес е на прагот да ја оправда фаворитската улога и да избори пласман во полуфиналето на финската хокеарска Лиига.
Имено, во четвртиот дуел од четвртфиналето против Асат, претставниците на Тампере победија со 1-4 и поведоа со вкупни 3-1.
Во четвртата минута, Балаш Себок им донесе водство на гостите, а 35 секунди подоцна, Лени Хамеенахо израмни на 1-1.
Сепак, до крајот, Јарно Коскиранта (х2) и Еемели Суоми двапати ја затресоа мрежата на Никлас Рубин и го поставија конечниот резултат.