
Адмирал Владивосток ја спаси првата ,,меч-топка” на АК Барс Казањ и намали на вкупни 3-2 во четвртфиналето на КХЛ.
Имено, во петтиот дуел од меѓусебната серија, претставниците на крајниот Исток триумфираа со 1-2 на гостински терен.
Во втората третина, двојно водство на победничкиот состав му донесоа Данил Гутик и Николај Чебикин.
Во третиот период, при пауер-плеј ситуација, заостатокот на АК Барс го намали Александер Радулов, кој воедно го постави и конечниот резултат.