
Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција заврши со денешното натпреварување во Лахти, Финска.
На него, седмата победа во кариерата и втора во сезоната ја оствари Јуки Ито со скоковите од 117 и од 123 метри, кои и’ донесоа напредок од шест позиции.
На второто место, со идентичен прогрес, заврши Ана Одине Стром, додека пиедесталот го пополни Катарина Алтхаус.
Новата шампионка, Ева Пинкелних, ја зазеде четвртата позиција, а пласманот во топ 5 го комплетираше Еирин Марија Квандал.