
Во вториот натпреварувачки ден од новата сезона на финската хокеарска Лиига, Илвес го порази Асат со 3-0.
Домаќините ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до триумф, постигнувајќи по еден гол во секоја третина.
Во листата на стрелците за Илвес се запишаа Јоона Иконен во првиот, Еету Туулола во вториот и Петри Контиола во третиот период.
Голманот на победничкиот состав, Марек Ланггхамер, имаше 20/20 одбранети шутеви, кои му го донесоа третиот шут-аут во кариерата во финското првенство.
После еден одигран меч, Илвес се наоѓа на второто место, додека Асат ја зазема последната позиција.