
По серијата од пет порази, Ковентри успеа да освои бод со ремито од 2-2 против Лутон во десеттото коло од англискиот Чемпионшип.
Мечот започна спектакуларно и веќе после петнаесет минути игра паднаа три погодоци.
Лутон поведе во два наврати, а двоен стрелец за ,,Шеширџиите” беше Карлтон Морис (4′, 15′), кој има пет гола на последните пет средби.
За Ковентри, првото израмнување го донесе Виктор Ѓокереш (11′), а после еден час игра, конечниот резултат го постави Густаво Хамер (61′).
На табелата, Лутон е осумнаесетти, а Ковентри го држи последното место, но има три натпревари помалку од сите ривали.