
Детроит Тигерс излегоа од борбата за плејофот, откако го запишаа и четвртиот врзан пораз во финишот на сезоната.
Синоќа, ,,Тигрите” беа поразени од Хјустон Астрос со резултат од 1-2.
Гостите од Тексас постигнаа по еден поен во четвртиот и во петтиот ининг преку Кајл Такер и преку Дејвид Хенсли.
Од друга страна, за домашниот состав поентираше само Хавиер Баез со хоум-ран во седмиот период.
Во Американската лига, Хјустон (93-50) го зазема првото место, а Детроит (54-89) е претпоследен тим.