
Во битката за избегнување на првата фаза од плејофот, ИФК Хелсинки го совлада Карпат со 2-0.
Имено, во финската хокеарска Лиига, екипите од седмото до десеттото место играат осминафинале меѓу себе, додека првите шест тимови одат директно во четвртфиналето.
Со исходот од денешниот меч, Карпат остана на шестата позиција со четири бода, но и со натпревар повеќе од седмопласираниот ИФК.
На меѓусебниот дуел, стрелци за победничкиот состав беа Отсо Рантакари во првата и Ииро Пакаринен во втората третина.
Голманот на претставниците на главниот град на Финска, Роопе Тапонен, дојде до петтиот шут-аут во сезоната со 22/22 одбрани притоа забележувајќи и една асистенција.