
Аризона Којотес, по четврт пат на последните пет дуели запишаа пораз, а воедно, на три од нив примија по шест погодоци.
Имено, синоќа, ,,Којотите” беа поразени на домашен терен од Каролина Хурикејнс со убедливи 1-6.
За нив, единствен прецизен хокеар беше Лосон Краус во втората третина, кој привремено го намали дефицитот на својот тим на 1-3.
Од друга страна, голгетери беа Пол Стастни, Себастијан Ахо (х2), Џејкоб Славин, Шејн Гостисбер и Мартин Нечас.
Во Источната конференција, Каролина го зазема второто место, додека Аризона е тринаесетти тим на Западот.