
Во најефикасниот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига, ИФК Хелсинки ја декласираше СаиПа со убедливи 9-5.
Претставниците на главниот град на Финска водеа со 3-0 уште во дванаесеттата минута и ја одржуваа предноста до крајот.
Од поразениот состав, во листата на стрелците се запишаа четири хокеари – Виле Месканен, Валтери Ојантаканен, Рони Карвинен и Анти Калапудас.
На спротивната страна, хет-трик направи Еету Коивистоинен, а по еднаш погодија Јуха Јааска, Леви Теисала, Алексантери Каскимаки, Јулиус Натинен, Виктор Берглунд и Кевин Рој.
На табелата, ИФК го зазема осмото место, додека СаиПа остана на последната позиција.