
Во единствениот денешен натпревар од КХЛ, пред 11 503 гледачи, Авангард Омск го порази Нефтехимик Нижнекамск со 2-1 после продолжение.
Во првата третина, Сергеј Толчински погоди за почетно водство на домаќините, а на неполни пет минути пред крајот, за гостите израмни Евгени Митјакин.
Од дополнителниот дел, на ,,Јастребите” им беа потребни само четириесет секунди за конечен триумф, бидејќи успешно реализираше Рид Бушер.
Во Источната конференција, Авангард скокна на третото место, додека Нефтехимик остана во плејоф-зоната на осмата позиција.