
Анахајм Дакс го загубија и четвртиот последователен натпревар, откако синоќа беа поразени од ЛА Кингс со 3-6.
,,Патките” се држеа резултатски во натпреварот до последните пет минути, кога гостите забија два погодоци и го заверија триумфот.
За домаќините, во листата на стрелците се запишаа Кевин Шатенкирк, Мејсон МекТавиш и Френк Ватрано.
На спротивната страна, успешно реализираа Блејк Лизот, Виктор Арвидсон (х2), Адријан Кемпе, Анже Копитар и Кевин Фијала.
На Западот, Кингс го заземаат четвртото место, додека Анахајм се наоѓа на претпоследната позиција.