
Во деветнаесеттото коло од АФЛ, Колингвуд Мегпајс ги надиграа Есендон Бомберс со (12.8) 80-76 (11.10).
Имено, Мегпајс дојдоа до деветтата победа во низа после потполно лудило, односно со храбриот шут од далечина на Џејми Елиот по звукот на сирената.
Накрај, Елиот го заврши мечот со учинок од (2.1), а од неговите соиграчи, поефикасен беше само Еш Џонсон (3.1).
Во текот на натпреварот, Колингвуд водеше со максимални +37 после првата четвртина (38-1), но со сериите од 32-8 и од 34-7 во наредните два периоди, Бомберс дојдоа до позитива од +21 во последниот квартал.
Од номиналните гости, најрасположени во нападот беа Питер Рајт (3.1) и Мет Гвелфи (2.0).
На табелата, Колингвуд остана на четвртото место со една победа заостаток во однос на лидерите Џилонг Кетс, додека Есендон е четиринаесетти без реални шанси за плејоф.