Машката младинска репрезентација на Македонија го заврши настапот на ЕХФ шампионатот со победа против Украина со 25-23. Ова беше доволно за пласман на петтото место.
Александар Петковски со 7 гола и Славчо Шулески со 5 погодоци беа најефикасни во нашиот состав.