
Вториот турнир од овогодинешната Ролекс Серија, во рамките на Европскиот Тур во голф, беше триесет и третото издание на Дубаи Десерт Класик.
Победникот на ова натпреварување беше одреден после плејоф, откако Ричард Бленд и Виктор Ховланд имаа по (-12) поени после четирите рунди.
Накрај, до шестата круна во кариерата дојде Ховланд, кој со ,,брди” го победи својот ривал на дополнителната дупка.
Норвежанецот одигра плејоф за првпат во својот живот, додека Бленд изгуби разигрување по третпат во кариерата.
Речиси до самиот крај, во водство беше Северноирецот Рори МекИлрој (-11), кој мораше да се задоволи со третата позиција, откако, во обидот да ја пронајде осумнаесеттата дупка, погоди во водната површина.
Во продолжение, четвртото место со по (-8) поени го поделија Џастин Хардинг, Тајрел Хетон, Сем Хорсфилд, Адријан Меронк и Ерик ван Рујен.




