
На 18 јануари 2020, на велеслаломот во Сестриере (Италија), Федерика Брињоне и Петра Влхова имаа идентично време и го поделија првото место.
На денешниот супервелеслалом во Гармиш-Партенкирхен (Германија), Брињоне учествуваше во уште едно исто сценарио.
Имено, овој пат, Италијанката ја подели првата позиција со Австријката Корнелија Хитер (1:18,19).
За Хитер, денешниот триумф беше трет во кариерата, односно прв во оваа дисциплина после 12 март 2016.
На третата позиција се пласираше Тамара Типлер (+0,82), а Мирјам Пухнер испушти пиедестал за само една стотинка (+0,83).
Под една секунда заостануваа уште Надине Фест (+0,93) и Роман Мирадоли (+0,98), а во топ 10 завршија уште: Јасмина Сутер (+1,01), Јоана Хелен (+1,03), Корин Сутер (+1,03) и Елена Куртони (+1,07).




