
Њујорк Метс и Атланта Брејвс синоќа ги продолжија своите наизменични серии од победа – пораз со својот петти последователен меѓусебен дуел.
На него, гостите од Џорџија триумфираа над Метс со резултат од 3-6.
Претставниците на ,,Големото јаболко” го отворија резултатот во третиот период, а последните поени ги постигнаа во петтиот ининг.
Двапати на мечот, по четири бази освои Брендон Нимо, а еден хоум-ран запиша Пит Алонсо.
На спротивната страна, топката на трибините ја искачија Остин Рајли, Абрахам Алмонте и Дансби Свансон, а со трчање во листата на стрелците се запишаа Ози Албис, Гуиљермо Хередија и Џок Пидерсон.
И покрај поразот, Метс (54-47) останаа на петтото место во Националната лига, додека Брејвс (51-52) ја заземаат осмата позиција.