
Во второто претколо од квалификациите за влез во новата Конференциска лига, Партизан ги одмери силите со словачкиот вицешампион – Дунајска Стреда.
На првиот меч во Белград, ,,Црно-белите” триумфираа со 1-0, благодарение на голот на Лазар Марковиќ (19′).
На реваншот во Словачка, српските претставници ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до победа од 0-2.
Стрелец на првиот гол за победничкиот состав беше Данило Пантиќ (20′) по асистенција на Бибрас Натхо.
Во 78. минута, 21-годишниот голман на Партизан, Александар Поповиќ, ја направи пресвртната точка на натпреварот, откако го одбрани пеналот на Андрија Балиќ.
Казната за Дунајска Стреда стигна само две минути подоцна, кога Рикардо Гомеш (80′) го удвои водството на Партизан.
Во наредната фаза, избраниците на Александар Станојевиќ ќе се соочат со рускиот клуб, Сочи, кој ја елиминираше Кешла од Азербејџан со вкупни 7-2.