
На ЛОИ 2016 во Рио, Јиржи Прскавец на контроверзен начин, поради допир со капијата, го загуби златниот медал и се закити со бронза во слалом во кајак на диви води.
,,Неверојатно. Допирот беше срамен. Го имав темпото за нов олимписки рекорд и можев да победам.” – се огласи Чехот пред пет години.
Сепак, правдата беше задоволена денес, откако најдобриот кајакар на диви води во светот беше незапирлив и во полуфиналето и во финалето.
Прскавец беше првопласиран и на двете трки, а злато му донесе времето од 91,63 секунди.
На второто место заврши Словакот Јакуб Григар (94,85), кој во моментот е најдобар У23 кајакар на светско ниво.
Најниското место на пиедесталот, по вторпат на ЛОИ, му припадна на Германецот Ханес Аигнер (97,11), кој исто така беше ,,бронзен” и во Лондон во 2012.
Во продолжение следуваа останатите седум финалисти што не освоија медал, односно Феликс Ошмаутц (98,79), Мајкл Смолен (99,12), Бредли Форбс-Крајанс (100,58), Борис Нево (101,18), Лусиен Делфур (102,33), Ерик Холмер (148,59) и Давид Љоренте (150,08).