
Во заостанатиот меч од триесет и третото коло на англискиот Чемпионшип, Барнмут го порази Нотингем со минимални 1-0.
Во пресрет на мечот, двете екипи се бореа за второто место, односно за директен пласман во Премиер лигата.
Сепак, со новите три поени, Барнмут ја обезбеди вицешампионската позиција и избори враќање во елитата после двегодишно отсуство.
Стрелец на единствениот погодок беше Кифер Мур (83′), кој со одлична егзекуција ја круниса фантастичната асистенција на Филип Билинг од слободен удар.
Од друга страна, во пресрет на последното коло, Нотингем се наоѓа на третото место и обезбеди сигурен плејоф.