
Со трите меѓусебни победи во низа, Хоторн Хокс се покажаа како незгоден ривал за Бризбејн Лионс.
Имено, во десеттото коло на АФЛ, ,,Јастребите” неочекувано им го нанесоа вториот овосезонски пораз на ,,Лавовите”, совладувајќи ги со (18.9) 117-112 (17.10).
Ви поголемиот дел од натпреварот владееше резултатската неизвесност, но во третата четвртина, Бризбејн имаше максимални +22, кои не успеа да ги задржи во своја корист.
Од победничките редови, најефикасни со три, односно со четири голови беа Чад Вингард (3.0) и Митч Луис (4.0).
Кај Бризбејн, Чарли Камерон (3.2) беше најрасположен во офанзивата, а по него следуваше Џексон Прајор (3.0).
И покрај загубениот дуел, Бризбејн остана на второто место на табелата, додека Хоторн скокна на тринаесеттата позиција.