
Во вториот меч од првата група на СП во Катар, Холандија го совлада Сенегал со конечни 2-0.
За Африканците, ова беше воедно и прв пораз на Светските првенства од европска селекција во групната фаза.
На натпреварот, двете екипи пружија изедначена партија, која беше решена во самиот финиш.
,,Автор” на првиот гол беше фудбалерот на ПСВ, Коди Гакпо (84′), а вториот погодок го постигна Дави Клаасен (90+9′).
После првото коло, во групата А, по три поени имаат Холандија и Еквадор, а без бодови се Сенегал и домаќинот Катар.