
Во првиот меч од групата Б на Светското фудбалско првенство во Катар, Англија го декласираше Иран со 6-2.
Уште во првото полувреме, Англичаните завршија голем дел од својата работа, реализирајќи трипати преку тројца различни фудбалери.
Исто сценарио, претставниците на Европа приредија и во вториот дел, при што, освен своите, им дозволија и почесни голови на ривалите преку Мехди Тареми (65′, п. 90+12′).
За победничкиот состав, двоен стрелец беше Букајо Сака (43′, 62′), а по еднаш погодија Џад Белингам (35′), Рахим Стерлинг (45+1′), Маркус Рашфорд (71′) и Џек Грилиш (90′).
Имено, овој натпревар траеше цели 117 минути, пред сè поради продолжението од четиринаесет минути на првиот период како надомест за изгубеното време при повредата на стартниот ирански голман – Алиреза Беиранванд.