Желбата за популаризирање на хокејот, а воедно и на КХЛ, кулминираше со одлуката да се одигра дербито помеѓу Авангард Омск и АК Барс Казањ среде Дубаи.
На мечот, номиналните гости, односно АК Барс, триумфираа со 1-3 пред релативно пополнетата ,,Кока-кола Арена”.
Заклучно со средината на третата третина, победниците стекнаа недостижна предност од 0-3 со головите на Артјом Галимов, на Стивен Кампфер и на Михаил Глухов.
До крајот, актуелните шампиони успеаја само да постигнат почесен погодок, кој беше дело на Никита Сошников.
На табелата на Источната конференција, АК Барс останаа на третата позиција, додека Авангард го зазема петтото место.