Австриецот Јан Херл ги доби денешните квалификации во пресрет на неделното индивидуално натпреварување во Висла, Полска.
23-годишниот ски скокач прескокна 129 метри и освои вкупно 138,8 бодови, доволни за да ја заслужи наградата од три илјади франци.
Најдолго издание во текот на денешниот ден имаше првопласираниот во генералниот поредок, Карл Гајгер (134 метри), кој заврши на второто место.
Третата позиција ја освои Норвежанецот Мариус Линдвик, оставајќи ги зад себе Пиус Пашке и Евгениј Климов во топ 5.
Освен наведените скокачи, пласман во првите десетмина изборија уште Наоки Накамура, Цене Превц, Андреас Велингер, Јукија Сато и Камил Штох.
На утрешната програма е првото тимско натпреварување од новата сезона на Светскиот куп во ски скокови во машка конкуренција.