
Според бројни истражувања, американскиот фудбал е спорт, кој добива најрапидна популарност низ Европа и низ светот.
Токму затоа, најквалитетната светска лига, НФЛ, организира натпревари во Лондон речиси една деценија, а од наредната година, овој тренд ќе се прошири и во Германија.
Околните земји веќе од поодамна се запознаени со американскиот фудбал и имаат свои федерации, свои лиги и свои претставници во европските натпреварувања.
Во Македонија, новитет е формираната федерација за флаг фудбал, која исто така има за цел да го опфати и американскиот фудбал.
Имено, флаг фудбал е ,,понежна” варијанта на американскиот најпознат спорт во која, играчите, наместо да имаат физички контакти, доволно е да го отстранат знаменцето закачено за телото на противничкиот играч.