Откако пред два дена славеа со 3-2, Детроит Тигерс синоќа повторно ги поразија Кливленд Индијанс, но овој пат со 5-2.
Во првиот ининг, Детроит дојде до предност од 2-0, откако Џајмер Канделарио и Вил Кастро стигнаа до четвртата база.
Индијанс успеаја да ја преполоват својата негатива само еден период подоцна со хоум-ранот на Еди Росарио.
Во седмата деветтина, Тигерс запишаа дополнителни три поени со освоените бази на ЏаКоби Џонс, на Роби Гросман и на гореспоменатиот Канделарио.
Во осмиот ининг, конечниот резултат го постави Сезар Хернандез, кој само го намали заостатокот на Кливленд.
📸 Gregory Shamus/Getty Images