
Хјустон Астрос дојдоа до третата победа во низа, откако синоќа ги совладаа Њујорк Метс со 5-3 во дербито на денот.
Веќе после три ининзи, домаќините имаа предност од 5-1, а до крајот допуштија уште само два поени во шестата деветтина.
За составот од Њујорк, по четири бази освоија Доминик Смит, Брендон Нимо и Старлинг Марте.
Од друга страна, за домаќините од Тексас поентираа Хозе Алтуве, Алекс Брегман, Мајкл Брентли и Јордан Алварез (два хоум-рани).
Во Американската лига, Астрос (43-25) се на второто место, додека Метс (45-26) останаа на лидерската позиција во Националната конференција.