Екипата на Караорман вчера успеа да се врати во втората лига после 15 години пауза. Со вчерашниот бараж се познати сите 16 екипи кои ќе играа наредната сезона во втората лига.
Таму задачата на Караорман ќе биде пеколно тешка со оглед на силата на противниците: Вардар, Пелистер, Беласица, Борец, Тетекс, Охрид Лихнидос, Гостивар, Кожув, Пехчево, Каменица Саса, Слога 1934, Детонит, Воска Спорт, Беса и Арсими .
Со оглед на имињата на тимовите кои ќе настапуваат ова ќе биде една од најсилните втори лиги пд осамостојувањето на Македонија.