
Хјустон Астрос се првите финалисти во тековната МЛБ сезона, откако во полуфиналето ги елиминираа Бостон Ред Сокс со вкупни 4-2.
Во синоќешниот шести дуел, Астрос ја остварија втората победа на домашен терен од меѓусебната серија, триумфирајќи со 5-0.
Домаќините, за да дојдат до триумфот, постигнаа по еден поен во првиот и во шестиот, односно три поени во осмиот ининг.
Со освојување на четири бази, во листата на поентерите се запишаа Алекс Брегман, Јордан Алварез (х2) и Карлос Кореа, а еден хоум-ран постигна Кајл Такер.
Фрлачите на Хјустон одиграа одличен меч со само две допуштени бази, а од нив, со седум страјк-аути, најмногу се истакна стартерот Луис Гарсија.
Во финалето, Астрос ќе го чекаат победникот од дуелот помеѓу Атланта Брејвс и ЛА Доџерс.