
Хари Химелберг беше херој на петтото коло на АФЛ, откако во финишот на натпреварот против Хоторн Хокс, самостојно им го донесе вториот овосезонски триумф на ГВС Џајантс.
Имено, Џајантс славеа со (10.17) 77-75 (11.9) при што, напаѓачот направи фантастичен марк на минути и пол пред крајот, кој резултираше со гол за водство на својата екипа.
Сепак, Химелберг, до крајот, направи уште еден победоносен потег, овој пат во дефанзивата, допирајќи го шутот на Џармен Импи за спречување на противнички пет поени.
На крајот, Австралиецот го заврши мечот со учинок од (2.3), а од неговите соиграчи, поефикасни беа Џеси Хоган (2.4) и Тоби Грин (3.2).
На спротивната страна, Фергус Грин (3.0) и Карл Амон (2.0) беа најрасположени во нападот, кој целосно ги врати Хокс во игра во третата четвртина со серијата од 26-2.
Сепак, Хоторн остана на последното место на табелата со само една победа, а ГВС скокна на дванаесеттото место.