
Во првиот меч од финалето на КХЛ, АК Барс Казањ го совлада составот на ЦСКА Москва со 4-1.
После првата третина, резултатот гласеше 1-1, но во наредните два периоди, домаќините уште во два наврати ја затресоа мрежата на Адам Рајдеборн.
Единствениот хокеар што успеа да го совлада Тимур Билјалов (35/36 одбрани, 97,22%) беше Михаил Григоренко во петнаесеттата минута.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Артјом Лукојанов, Станислав Галиев, Дмитри Воронков и Кирил Панјуков.