Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе одлично ја стартуваше сезоната во Европскиот шампионат на ридски патеки на трката во Франција.
На премиерниот настап од европскиот шампионат кој се одржа во Франција , Иџе во генералниот пласман во силна конкуренција каде беа пријавени дури 190 натпреварувачи го освои третото место. Овој пласман на Иџе е најмногу поради одличното возење во првата трка кога имаше најдобро време.