
Германката Денизе Херман беше неочекувана победничка на индивидуалната трка на петнаесет километри во женски биатлон.
Херман (44:12,7) го освои првиот поединечен медал на ЗОИ поради одличното стрелање со 19/20 погодени мети.
До второто сребро во два дена стигна Французинката Ане Шевалие-Буше (+9,4), која имаше ист стрелачки учинок како и новата олимписка шампионка.
После златото во мешаната штафета, со бронза се закити лидерката во Светскиот куп, Марте Олсбу Роиселанд (+15,3), со две промашени мети.
Подиумот за само 1,3 секунди и’ побегна на Ванеса Воигт (+16,6), која го оствари најдобриот пласман во кариерата, а во првите пет заврши уште Ѕинара Алимбекава (+31,7).




