Претпоследната овосезонска трка од Светскиот куп во фристајл скијање во дисциплината ски-крос беше одржана денес во Сани Вали, Русија.
Кај дамите, во пеколен фото-финиш, до победата дојде Фани Смит, која воедно ќе стане и нова шампионка.
Во големото финале, Швајцарката во епски финиш ја претекна Сандра Неслунд. На третото место се пласираше Катарина Офнер, а Куртни Кофос не ја заврши трката.
Во малото финале, Тијана Гернс беше побрза од Ализе Барон, од Никол Кучерова и од Екатерина Малцева.
Слично како и во женска, така и во машка конкуренција до победата стигна новиот шампион, Рис Хауден, кој славеше по четврти пат сезонава.
Најголемо изненадување беше второто место на Јапонецот Рјо Сугаи, додека Јоос Бери беше третопласиран. Без подиум, од главната трка, остана само Теренс Чикнаворијан.
Од друга страна, пласманот од петтото до осмото место гласеше: Даниел Бонакер, Бастиен Мидол, Жан Фредерик Шапуи и Виктор Андерсон.
📸 theprogress.com