Пред неколку дена, ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, направи трансфер во редовите на Бруклин Нетс.
Денес, Американецот дебитираше за новиот клуб и тоа со постигнат трипл-дабл над Орландо Меџик.
Имено, Бруклин го доби ривалот од Флорида со вкупни 122-115, откако имаше конзистентна резултатска контрола само во четвртата четвртина.
Харден го заврши мечот со 32 поени, со 12 скокови и со 14 асистенции, но сепак не беше најефикасен на паркетот.
Неговиот соиграч, Кевин Дурент, постигна убедливи 42 поени, а од противничкиот табор, Никола Вучевиќ го напушти Њујорк со дабл-дабл од 34 поени и од 10 скокови.
За Нетс (8-6), ова е трета победа во низа за петтото место на Истокот, додека Орландо (6-7), со петте врзани порази, од врвот се спушти до осмата позиција.
📸 Cato Cataldo/NBAE via Getty Images